В недела почнува кошаркарската сезона за младинската екипа на прилепски Мега баскет до 16 години и затоа дотогаш е добредојден секој пријателски натпревар. Од клубот информираат дека веќе е договорен контролен меѓународен меч со соодветната младинска екипа на Лариса од Грција. Натпреварот е закажан за в четврток, а се чека уште да се одреди часот за почетокот во салата на ООУ „Добре Јованоски“.
Младинската екипа на Мега баскет од недела почнува квалификации за Првата А-лига на Македонија, во групата 5, каде што ривали се Универзитет Тетово, Охрид и МЗТ Скопје.