Според ждрепката за 1/16 финалето од Купот на Македонија, екипата на прилепска Победа за противник го има Јанг тим, на мечот кој треба да се игра на 20 септември во Струга. Станува збор за клуб формиран пред осум години, член на Третата лига – Југозапад. Минатото првенство беше на третото место со 35 бода (10 победи, 5 нерешени, 4 порази), под првото Новаци и второто Кораби.
ДВОЈКИ: ЈАНГ ТИМ – ПОБЕДА, НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА, БАШКИМИ – СКОПЈЕ, АРСИМИ – ТИКВЕШ, КОЖУФ – БРЕРА, КАРБИНЦИ – ВОСКА, ОХРИД – ДЕТОНИТ, БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР, КОЊАРЕ – ШКУПИ, БЕСА – ВАРДАР, ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ, ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР.