Централна фигура на денешното женско фудбалско дерби во Прилеп, меѓу Цевитана и Скопје е Афродита Салихи. Таа иако највозрасна во гостинската екипа, беше единствениот стрелец, на двата гола. Прво ја затресе домашната мрежа во 10. минута, потоа и во 79. Екипата Цевитана даде силен отпор и до постигнувањето на вториот гол се бореше за израмнување, но шансите не беа искористени на теренот со вештачка трева.
Меѓу присутните околу теренот беа двајца највозрасни – новинарот Миле Талески (84) и некогашниот селектор на женската репрезентација Добре Димовски (79).
РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО: Цевитана – Скопје 0:2, Топ гол – Истатов 0:1, Ас унитед – Шкендија 7:2, Љуботен – Саса 2:3, Речица – Тиверија 2:5.
ТАБЕЛА: Скопје 6, Ас унитед, Тиверија и Саса 4, Цевитана и Истатов 3, Љуботен, Топ гол и Речица 1, Шкендија 0.
СЛЕДНО 3. КОЛО (9 септември во 15 ч.): Истатов – Цевитана, Тиверија – Топ гол, Саса – Речица, Шкендија – Љуботен, Скопје – Ас унитед.