100 години фудбал во Прилеп

(аудио) КОЈА Е ПРВАТА ЖЕНА ШТО ВЛЕЗЕ ВО ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН?

Сега жените, девојките играат фудбал и тоа за никого не е ништо чудно, а некогаш не само што не играа, ами незамисливо беше ниту да гледаат фудбал. Фудбалот беше сметан само за машка работа и жена таму нема што да бара.

Еден страсен навивач на Победа, Димче Миноски, на шега за весниците има изјавено:

– Сопругите од најзагреаните приврзаници на Победа, се најголемите навивачки од дома. Тие навиваат оти тешко ним кога ќе им се вратат мажите, ако резултатот биде лош.

Сепак, во шеесеттите години од минатиот век, на малата трибина од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ се појавува и првата претставничка на понежниот пол. Никој досега не кажал друго име и презиме, ами сите што се од тоа време се согласни дека се работи за Цене Велеска. Таа е првата храбра девојка, сама жена меѓу 10 илјади гледачи.

– Натпревари следев од 10 години, но малечка не ме забележуваа. Кога пораснав, при влегување ме исвиркуваа, цела публика негодуваше. Што бара женско на стадион? Нема ништо срамно, им се спротивставував – потсетува Цене на тие настани.

Не пропуштала натпревар 30 години, секогаш во придружба на братот Љупче, внуците Пепи и Тони и комшивчето Перо.

АУДИО од 25 септември 2012

Од категоријата

СВЕШТЕНИЦИ НА ТРЕНИНГОТ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ДОГОВОР СО ПОБЕДА ОД ОСУМ ГОДИНИ!

Зоран Иге

ПОБЕДА ЈА ИЗБЕГНА СУДБИНАТА НА МАНЧЕСТЕР

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе