Екипата Беласица со 3:1 ја совлада Победа, на мечот од 5. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија. На стадионот во Струмица домашните поведоа со голот на Благој Стојанов во 5. минута, на 2:0 зголеми Александар Милушев во 38., на 3:0 Тони Мичковски во 82. Прилепскиот тим поразот го ублажи во 87. преку Амил Табаковиќ. В среда за 16-финале од Купот Победа е гостин на Јанг тим во Струга.
РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО: Беласица – Победа 3:1, Осогово – Охрид 0:3, Новаци – Башкими 1:0, Саса – Тетекс 1:2, Детонит – Беса 2:0, Кожуф – Пелистер 3:2, Караорман – Арсими 0:6, Вардар (Н) – Скопје 2:0.
ТАБЕЛА: Кожуф 15, Детонит 13, Беса 12, Пелистер 10, Беласица, Башкими и Новаци по 9, Победа и Охрид 7, Арсими, Вардар и Тетекс по 6, Скопје 4, Караорман 3, Саса 1, Осогово 0.
СЛЕДНО 6. КОЛО (23 септември во 15 ч.): Победа – Новаци, Охрид – Скопје, Арсими – Вардар Н., Пелистер – Караорман, Беса – Кожуф, Тетекс – Детонит, Башкими – Саса, Осогово – Беласица.