Фудбал

ПРЕСВРТ ВО ПОЛЗА НА ЦЕВИТАНА ВО БИТОЛА!

Екипата Цевитана со 4:2 славеше победа над Топ гол, во 4. коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Соседското дерби во Битола беше со пресврти. Прилепскиот тим поведе со голот на Сара Евтинџиоска во 3 минута, а домашните возвратија со два гола – на Теодора Бумбароска во 17. и Ивана Милевска во 30. Во 40. минута Анастасија Илиевска го израмни резултатот, така што пресудно беше второто полувреме, поточно перидот по 70. минута. Прво Ана Боризоска го даде третиот, а во 84. минута Фросина Трипчевска четвртиот гол  за Цевитана.

Во следната 5. рунда Цевитана дома игра со Ас унитед од Струга.

Од категоријата

(резултати, состави, стрелци) ПЕТ ГОЛА ВО КАМЕНИЦА, НА ДУЕЛОТ САСА – ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото) ОВДЕ СЕ НАГРАДЕНИТЕ ОД „ПРИЛЕП КУП“

Зоран Иге

ЗБОГУМ ЗА НЕКОГАШНИОТ ИГРАЧ И ТРЕНЕР НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе