За љубителите на фудбалот од Прилеп денеска има натпревари на игралиштето со вештачка трева. Во 10 часот е дуелот од 2. коло на Кадетската супер лига на Македонија, Победа – Шкендија, а во 12 часот истите клубови се на меч од 2. рунда на Младинската супер лига.
ДЕНЕШНИ МЕЧЕВИ: Победа – Шкендија, Скопје Шкупи, Брегалница – Вардар, Беласица – Пелистер, Тетекс – Брера, Македонија ЃП – Работнички.
ВЧЕРАШНИ РЕЗУЛТАТИ: Шкендија – Победа 5:1 (помлади пионери), Шкендија – Победа 5:0 (постари пионери).
Денеска на истиот терен (16 ч.) стартува Третата фудбалска лига – Југ, со мечот Ултрас (Прилеп) – Локомотива (Градско). Другите двојки од 1. коло се од 15 часот: Питу Гули (Крушево) – Марена, Големо Коњари – Росоман, Младост (Кривогаштани) – Слога (Лажани), Борец (Велес) – Бучин.