Денеска продолжија натпреварите од 2. коло на Супер лигите за млади категории фудбалери. На теренот со вештачка трева во Прилеп паднаа 10 гола на новите мрежи, поставени од ЖФК Цевитана и ОФС Прилеп.
Прво се сретнаа кадетите на Победа и Шкендија. Гостите од Тетово победија убедливо со 5:1, со головите на Албион Муслии од пенал, Али Хисар 3 и Херодиан Хисени, а голот за прилепскиот тим го постигна Салим Арифи од пенал.
Подоцна на младинскиот дуел, Шкендија победи со 3:1, со головите на Веби Ислами, Даут Каримани и Ендрит Иљази, додека голот за Победа е дело на Дино Стефаноски. Според овој резултат (1:3), младинците на Победа дадоа најсилен отпор во споредба со кадетите, постарите и помладите пионери.
Во следното 3. коло се среќаваат: Победа – Вардар, Скопје – Работнички, Македонија ЃП – Брера, Тетекс – Пелистер, Беласица – Шкендија, Брегалница – Шкупи. Подолу се сите резултати и табели:
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ
ПОСТАРИ ПИОНЕРИ
КАДЕТИ
МЛАДИНЦИ