Попладнево, во Струга, во 1/16 финалето од Купот на Македонија, третолигашот Јанг тим го елиминира второлигашот Победа. По 90 минути игра беше 0:0, а по изведувањето пенали 4:3 за домаќинот. Треба да се каже дека Јанг тим од 69. минута одигра без исклучениот Шпресим Муртезаи. Прилепскиот тим одигра со подмладен состав: Мариновски, М. Талески, Паноски, Белески, Горгиовски, Богевски, Табаковиќ (67. Арифи), Поп-Антоски, Миланоски (57. Трајкоски), Л. Петејчук (77. Крајоски), С. Спиркоски.
Стрелци од пенали: Милот Лена, Хаким Османи, Бетим Баута и Џемаил Мена (Јанг тим), а Алекс Горгиовски, Валентин Белески и Салим Арифи (Победа).
Следен меч е од 6. рунда на Втората лига, Победа – Новаци.
РЕЗУЛТАТИ: ЈАНГ ТИМ – ПОБЕДА 0:0, 4:3 пенали, НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА 0:8, БАШКИМИ – СКОПЈЕ 1:1, 4:3 пенали, АРСИМИ – ТИКВЕШ 1:2, КОЖУФ – БРЕРА 0:2, КАРБИНЦИ – ВОСКА 0:10, ОХРИД – ДЕТОНИТ 2:0, БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР 0:0, 0:3 пенали, КОЊАРЕ – ШКУПИ 0:8, БЕСА – ВАРДАР 1:1, 4:5 пенали, ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ 0:3, ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР 0:4.