На 7 октомври е почетокот на Втората кошаркарска лига на Македонија. Според распоредот, во 1. рунда Мега баскет дома игра со Куманово 2009. Убава можност уште на стартот да се наполни салата во ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Тимот Куманово 2009 е бивш прволигаш, а Мега баскет нов второлигаш.
Во Втората лига учествуваат: Мега баскет (Прилеп), Куманово 2009 и МКК Куманово (Куманово), Борец баскет (Велес), Тетекс (Тетово), Соколи (Штип), Партизан ВС, Маџари, МЗТ уни, Работнички, Ангели и Шкупи (Скопје).