Двократниот европски шампион Вардар со 35:22 го совлада домашниот Прилеп, во 4. рунда од машката ракометна Супер лига на Македонија. Уште во првото полувреме скопскиот состав ја обезбеди победата, водејќи со 18:11.
Ова е очекуван резултат во полза на Вардар, додека за Прилеп беше важно да даде достоен отпор, во полната сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Така, есенва Прилеп има две победи и два пораза, а Вардар четири победи.
Во следното коло Вардар во Скопје игра со неготински Вардар, а Прилеп е гостин на Мултиесенс во Скопје.