Во Третата фудбалска лига – Југ за прв фаворит важи доскорешниот прволигаш Борец од Велес, до неделата за најголем негов конкурент се сметаше прилепски Ултрас, но по дербито во Прилеп, Ултрас – Слога 1:4 (Христијан Свртиновски – Музафер Алиоски 2, Белмин Кујовиќ, Адмир Угљанин), нов кандидат за највисок пласман е екипата од Лажани. Не само поради победата, туку и според играта и големиот број создадени шанси, а и високиот резултат. Може ли Слога до врвот од табелата, до првото место? Претходно во Кривогаштани одигра 2:2 со Младост, потоа дома 1:1 со Борец.
– По откажувањето на третолигашот Црнилиште и второлигашот Братство од Житоше, Слога ја искористи приликата и состави тим од искусни играчи што биле во Прва и Втора лига, како и млади, желни за докажување. Оваа сезона амбицијата е да се бори, да биде меѓу првите места во Третата лига. За жал, тука се проблемите – не само финансиски оти сме заборавени од ФФМ, ами и како играчи кои имаат потенцијал, но не им е дадена шанса во повисок ранг – вели Белмин Кујовиќ.
Слога има шанса да влезе во победоносна серија, со оглед на тоа што в недела игра дома со Локомотива од Градско, потоа на гости во Бучин.
ВИДЕО СО ГОЛОВИТЕ НА ЛИНКОТ: