Шах

ПРИЛЕП ЗА ЕДЕН БОД НЕ ЈА ОСТВАРИ ЦЕЛТА!

Синоќа заврши Европскиот клупски куп во Драч, Албанија. Екипата на Прилеп во последното 7. коло со 2,5:3,5 загуби од грчката Чанија. Партиите ги добија Кире Николоски на втората табла со ФМ Евагелос Патрелакис, Дејан Ѓорѓиески на четвртата со Константинос Царукас, ремизира Алекс Насков на шестата со Манолис Верикакис. Претходно, во 6. рунда беше поразот со 0,5:5,5 од луксембургшкиот Шифланге, каде ИМ Тони Кироски изваде реми на првата табла против ФМ Џереми Дивали. Така Прилеп со 4 бода е на 77. Место (рангиран на 75.), па недостигаше бод да биде во групата екипи меѓу 63. и 70. место. Останува неостварена целта – пласман десетина места погоре од стартното 75. На овој Европски клупски куп Прилеп петпати загуби (од исландскиот Викинг, од исландскиот Акурајри, од англискиот Слау шаркс, од луксембургшкиот Шифланге и од грчката Чанија), а двапати победи (со италијанскиот Лацио и со италијанскиот Клуб 64).

Другиот македонски претставник, скопски Гамбит го освои 24. место (рангиран на 31.), со три порази (од азербејџанскиот Вугар Гашимов, од црногорската Електропривреда и од шведскиот Рокаден) и 4 победи (со ирската Гонзага, со луксембургшкиот Диферданж, со швајцарскиот Цирих и со косовската Дарданија). Европски шампион е норвешкиот Оферспил, за кого игра светскиот првак Магнус Карлсен.

ТАБЕЛА: 1. Оферспил (Норвешка) 13 бода, 2. Нови бор (Чешка) 12, 3. Гоктурк (Турција) 12… 24. Гамбит (Македонија) 8… 77. Прилеп (Македонија) 4… 84. Галвеј (Ирска) 0.

 

,   

 

Од категоријата

(ФОТО+ВИДЕО) МЕТЕЖ КАЈ ШАХОВСКАТА ТАБЛА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ИТАЛИЈАНСКАТА ПАДОВА Е ПРОТИВНИК НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

ЗБОГУМ ЗА ОСВОЈУВАЧОТ НА КУПОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе