Одбојка

МЕЧЕВИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИМА ПОЧЕСТО ВО ПРИЛЕП!

Преубав одбојкарски женски кадетски турнир „11 Октомври“ се одржа во салата од СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп. Покрај домаќинот, 11 Октомври, учествуваше уште еден прилепски тим – 11 Октомври 2008, како и гости од Битола (Пелистер волеј) и од Скопје (Мастер волеј).

Младите одбојкарки одиграа четири меча. Во првото полуфинале, 11 Октомври 2008 – 11 Октомври 2:0, а на второто Пелистер волеј – Мастер волеј 2:0. Во мечот за трето место, Мастер волеј – 11 Октомври 2:0.

Најинтересен беше финалниот дуел, Пелистер волеј – 11 Октомври 2008. Беше неизвесен до самиот крај, одлучуваа нијанси. Според тоа и конечниот резултат е тесен, 2:1 за Пелистер. Така – прв е Пелистер, втор 11 Октомври 2008, трет Мастер волеј, четврти 11 Октомври.

Од прикажаното можат да бидат задоволни сите тренери: Владимир Трифуновски (Пелистер волеј), Дејан Димоски и Здравко Ристески (11 Октомври 2008), Виктор Зафиров (Мастер волеј) и Глигурче Локвенец (11 Октомври).

Од категоријата

ПРИЛЕП СОБРА СТОТИНА ОДБОЈКАРИ ОД ТРИ ГРАДА

Зоран Иге

ДЕНЕСКА ИМА ОДБОЈКА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ДВАЈЦА ИГРААТ ПРОТИВ ШЕСТМИНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе