Одбојка

ДВАЈЦА ИГРААТ ПРОТИВ ШЕСТМИНА!

Интересни се тренинзите на легендарниот Глигурче Локвенец, во најстариот одбојкарски клуб во Прилеп – 11 Октомври. Тие се трипати неделно, во салата од ДТВ Партизан, некогашната Соколана. Младите одбојкарки и одбојкари, покрај совладувањето на основните технички и тактички елементи, неретко одигруваат необичен натпревар – двајца против шестмина! Двајцата се 12-годишните пионери Никита Николоски и Саша Бошков, кои играат против свои врснички и врсници.

– Ја следат топката цело време и стигнуваат секаде. Тоа е голема мотивација, предизвик. Иако двајца, успеваат да се спротивстават. Ова кај нас е применето уште пред педесетина години од селекторот Таки Џиков, кога јас бев член на македонската репрезентација – вели тренерот Локвенец, кој работи со поддршка на младата Михаела Тодороска.

Клубот работи со педесетина члена, кои освен тренинзи имаат и пријателски натпревари.

ОХРИД ВО СЕЌАВАЊЕ

Во времето кога бевме одбојкари, некаде во седумдесеттите години од минатиот век, јас и Круме Белазелкоски летувавме во Охрид. Таму одигравме меч двајца против шестмина. Шестмината беа одбојкари од Охрид. Успеавме да ги победиме. Тогаш нашиот клуб 11 Октомври беше меѓу најдобрите во Втората југословенска лига – се сеќава Глигурче Локвенец.

Од категоријата

ДЕНЕСКА ИМА ОДБОЈКА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПРАЗНИЧЕН ТУРНИР ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

МЕЧЕВИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИМА ПОЧЕСТО ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе