Прилеп и Голден арт одиграа нерешено 28:28 вечерва во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, во 6. рунда од ракометната машка Супер лига на Македонија. Мошне интересен, неизвесен и борбен меч. Екипите се менуваа во водството. На полувреме беше 15:14 за прилепскиот тим. По шест кола двете екипи имаат освоено по 7 бода.
Во следните две кола Прилеп има гостувања – на Еурофарм Пелистер во Битола и на Бутел во Скопје.