Во групата 5 од квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години, Македонија изваде 1:1 со Казахстан, што е доволно за второто место, под Германија, над домаќинот Полска и Казахстан. На овој начин се обезбедува пласман во втората фаза. На денешниот натпревар израмнувачкиот гол за Македонија го даде Адријан Зенделовски, член на шведскиот тим Малме. Претходно Македонија загуби со 3:1 (стрелец Мартин Ѓорѓиевски од струмичка Брера) од Германија, а со 2:0 (стрелци Никола Величковски од Македонија ЃП и Мухамед Елмаз од Гостивар) ја совлада Полска. За Македонија настапува прилепчанецот Андреј Аризанкоски, член на струмичка Брера.
МАКЕДОНИЈА: Љ. Ѓеков, Ѓ. Ѓеков, Стојчевски, Марковски, Аризанкоски, Ѓорѓиевски, Зенделовски, Фетаи, Назифи (73. Данев), Величковски, М. Елмас (77. Николовски). Селектор: Тони Јакимоски.