По пауза од 16 дена продолжија натпреварите од Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери, со 8. коло. Во тие рамки беа и четирите дуели Победа – Тетекс. Прилепскиот клуб освои нови девет бода, а Тетекс три. Прво на теренот со вештачка трева во Прилеп на натпреварот меѓу помладите пионери Победа – Тетекс 7:0 (Давид Паскоски 3, Ненад Кузманоски, Андреј Конески, Андреј Петрески 2), а во дуелот меѓу постарите пионери Победа – Тетекс 4:0 (Кирил Тасески, Дино Стефаноски 2, Мартин Митрески). Во Тетово прво се сретнаа кадетите, Тетекс – Победа 2:3 (Антонио Ѓорѓевски, Едон Абдулахи – Бојан Ивчески, Салим Арифи, Дарио Спиркоски), потоа младинците, Тетекс – Победа 3:1 (Азис Јамини 2, Филип Јаневски – Амил Табаковиќ).
Еве ги сите табели:
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ
ПОСТАРИ ПИОНЕРИ
КАДЕТИ
МЛАДИНЦИ
СЛЕДНО 9. КОЛО: Победа – Македонија ЃП, Шкендија – Скопје, Вардар – Пелистер, Шкупи – Брера, Брегалница – Работнички, Беласица – Тетекс.