Овче Поле и Деспина одиграа нерешено 17:17 (полувреме 11:11) во Свети Николе, во 8. коло од Супер-женската лига на Македонија. Прилепскиот тим често имаше водство на овој дуел, а во последните секунди тоа изнесуваше еден разлика 17:16. Се чинеше дека ќе биде задржано, но при последниот гостински напад домашната голманка одбрани тежок удар, па се овозможи шанса за домашниот тим. Во таа акција беше изнуден седмерец, реализиран за конечни 17:17. Ова е прв гостински бод за Деспина. Сега Деспина има 4 бода, Овче Поле 8.
Во следното коло: Ѓорче Петров –Овче Поле, Деспина – Гевгелија.