Во 6. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија, Борец – Мега баскет 69:63. Трета победа на екипата од Велес, четврти пораз на тимот од Прилеп, новиот второлигаш. Во лигата со сите победи есенва е само МКК Куманово, наредниот гостин во салата на ООУ „Добре Јованоски“.
ТАБЕЛА: МКК Куманово 12, Шкупи и Маџари 11, Ангели 10, Соколи, МЗТ Уни, Борец и Партизан Водно 9, Мега баскет 8, Тетекс и Работнички 7, Куманово 2009 – 6.
СЛЕДНО 7. КОЛО: Мега баскет – МКК Куманово, Партизан Водно – Работнички, МЗТ Уни – Ангели, Куманово 2009 – Борец, Маџари – Шкупи, Соколи – Тетекс.