Одиграни се натпреварите од 9. коло на Супер-лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Екипите на Победа четирипати ги одмерија силите со врсниците од Македонија ЃП. Во Скопје на дуелот меѓу помладите пионери, Македонија ЃП – Победа 2:3. Стрелци: Лука Кнежевиќ, Бетим Садики (Македонија ЃП) – Давид Паскоски 3 (Победа).
ТАБЕЛА
Потоа беше мечот за постарите пионери, Македонија ЃП – Победа 1:1. Стрелци: Димитар Мартиновски (Македонија ЃП) – Стефан Наскоски (Победа). Прилепскиот тим беше во водство до 85. минута.
ТАБЕЛА
Во Прилеп гостите беа поуспешни. Прво во дуелот на кадетите, Победа – Македонија ЃП 3:5. Стрелци: Мартин Николоски, Салим Арифи, Андреј Петрески (Победа) – Дарио Јакимовски, Тарик Демишоски 3, Омар Беровиќ (Македонија ЃП).
ТАБЕЛА
Потоа на теренот со вештачка трева се сретнаа младинците, Победа – Македонија ЃП 1:1. Стрелци: Андреј Ристески (Победа) – Адмир Љатифи (Македонија ЃП). Домашната екипа имаше водство до 89. минута.
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 10. КОЛО: Победа – Работнички, Тетекс – Скопје, Беласица – Македонија ЃП, Брегалница – Брера, Шкупи – Пелистер, Вардар – Шкендија.