Одиграни се последните есенски натпревари во општинските лиги на ОФС Прилеп. Во А-лигата во Мало Коњари имаше заостанат натпревар, Млекар – Стрела (Ерековци) 2:0. Стрелци: Виктор Јованоски и Петар Радиновац. Млекар настапи со: С. Аљакоски, Најдоски (46. Димоски), Цветаноски, Нешкоски, Колчакоски, Јованоски, Ф. Аљакоски, Радиновац, Наумоски, Каралиоски, Ристески. За екипата Млекар е интересно што цела есен има преимено само 1 гол, на дербито со Влазними јуниор во Пресил, каде стрелци беа Исамедин Мемедоски за домашните, а Кире Димоски за гостите.
При последниот натпревар со Стрела, Млекар го истакна дресот со број 10, во знак на сеќавање на несреќно починатиот Љупчо Перканоски, поранешен капитен на тимот до 2016 година.
ТАБЕЛА
Во Б-групата на ОФС Прилеп беше 9. рунда. Резултати: Прилеп сити – Боротино 0:5 (Ангел Котески 2, Антонио Николоски, Александар Ризоски, Михаил Огненоски), Гарван Десово – Мукос Дреновци 2:3 (Емран Имероски, Емрула Велиоски – Мартин Ангелески, Александар Димитриески, Миле Стојчески), Кадица Забрчани – Црвена ѕвезда Сенокос 2:2 (Александар Димески, Давид Царулески – Филип Ачкоски, Дејан Ѓорѓиоски), Корзо Прилеп – Динамо Мажучиште 0:4 (Александар Китаноски, Филип Наумчески 2, Зоран Трајковски – автогол).
ТАБЕЛА