Фудбал

ПОБЕДА НИКОГАШ ПОМЛАДА, СО 12 МЛАДИНЦИ!

Секоја стратегија, па и фудбалската, има позитивни и негативни страни. Клубот Победа за есенва се одлучи да се потпре на сопствените сили, на, претежно, млади фудбалери. Искуството недостасува, но позитивната страна е што младите добиваат шанса како никогаш порано. Не е премногу далеку минатото, кога клубот помеѓу млад домашен фудбалер и новодојден отстрана се одлучуваше за вториот. Имаше и странци. Пред еден натпревар, при загревањето,  еден гледач од публиката викна гласно кон играчите на Победа што се загреваа: „Нека дигне рака тој што е прилепчанец!“ Никој не беше од Прилеп во тој почетен состав.

За разлика од тие времиња, во неделата, на мечот со екс-прволигашот Скопје совладан со 1:0, Победа се претстави со 12 младинци, играчи со 21 година и помлади: Иван Николоски, Мартин Талески, Димитри Кочоски, Давид Дебрешлиоски, Беким Алимоски, Христијан Поп-Антоски, Леонид Кофиловски, Давор Богевски, Константино Горгиовски, Салим Арифи, Бојан Ивчески и Мартин Миланоски. Најмлади, со 17 години, се Давор Богевски, Константино Горгиовски, Салим Арифи и Бојан Ивчески, а највозрасен со 28 години – Филип Стомнароски.

На следниот меч, со Арсими во Голема Речица, Тетовско, на 25 ноември, во тимот ќе се врати уште еден со 28 години – капитенот Јорданчо Наумоски, кој паузираше поради жолти картони.

 

Од категоријата

КАКВИ ПОТЕЗИ ЌЕ ИМА ВО ПОБЕДА?

Зоран Иге

(фото, состави, стрелци) ШЕСТИОТ ПЕНАЛ ОДЛУЧИ ЗА ПЕХАРОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДЕТАЛИ ЗА ДЕСЕТТЕ НОВИ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе