Вечерва во Прилеп, Деспина – Гевгелија 25:12. Ова е трет успех во серија за прилепскиот тим, по претходното реми со Овче Поле во Свети Николе и првата победа над Скопје. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се беше познато уште во првото полувреме, кое заврши со 13:4.
СУПЕР-ЖЕНСКА ЛИГА, 9. КОЛО: Деспина – Гевгелија 25:12. НЕДЕЛА: Чаир – Скопје, Металург – Астибо, Спартак – Шампион, Стружанка – Вардар, Пелистер – Куманово. НА 28 НОЕМВРИ: Ѓорче Петров – Овче Поле.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 24, Вардар и Чаир 19, Металург и Куманово 18, Стружанка 16, Пелистер 13, Спартак 9, Овче Поле 8, Скопје и Деспина 7, Астибо 6, Шампион 3, Гевгелија 0.
СЛЕДНО 10. КОЛО: Шампион – Деспина, Куманово – Скопје, Овче Поле – Чаир, Гевгелија – Ѓорче Петров, Астибо – Спартак, Пелистер – Стружанка, Вардар – Металург.