Вечерва во Прилеп, Мега баскет – МКК Куманово 71:93. Лидерот на табелата, со сите победи есенва, успеа да ги освои бодовите и против прилепскиот состав. На гостинскиот тренер, екс-селекторот Марин Докузовски не му беше лесно, но неговиот тим успеа да го преброди Прилеп. Почетокот им припадна на домашните, меѓутоа гостите бргу ги средија редовите. По четвртини 18:24, 16:24, 20:17 и 17:28. Во домашните редови капитенот Стефан Стевананџија постигна 25 поени, Иван Крстески 15, а кај гостите тројца беа двоцифрени, но и тие беа доволни – Ренато Димитриевски и Милош Јовановиќ по 20, Марјан Јанески со 39. Според бројките се гледа дека токму Јанески беше незадржлив, без проблем го полнеше домашниот кош. Ова беше 7. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија.
МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 25, Петрески 3, Стевановски, Чакревски, Велески 5, Костоски 2, Јаневски 8, Крстески 15, Стојчески, Тодороски 8, Трајковски 5, Захариевски. Тренер: Миле Станимировиќ.
МКК КУМАНОВО: Георгиевски 7, Б. Стошиќ 5, Ф. Стојановски 2, Ре. Димитриевски 20, Ј. Стошиќ, Н. Стојановски, Л. Димитриевски, Краљевски, Серафимоски, Ро. Димитриевски, Јовановиќ 20, Јанески 39. Тренер: Марин Докузовски.
РЕЗУЛТАТИ: Мега баскет – Куманово 71:93, МЗТ Уни – Ангели 59:53, Маџари – Шкупи 76:74, Соколи – Тетекс 92:68. УТРЕ: Водно санс – Работнички, Куманово 2009 – Борец.
ТАБЕЛА: МКК Куманово 14, Маџари 13, Шкупи 12, Соколи, Ангели, МЗТ Уни 11, Мега баскет, Борец, Водно санс 9, Тетекс 8, Работнички 7, Куманово 2009 – 6.
ИДНО 8. КОЛО: Ангели – Мега баскет, Водно санс – МЗТ Уни, МКК Куманово – Куманово 2009, Работнички – Шкупи, Борец – Соколи, Тетекс – Маџари.
ГОСТИТЕ СО ДВА ПАРА БЛИЗНАЦИ!
Ретко се случува во екипа да има близнаци, а вечерва имаше два пара во гостинската екипа МКК Куманово. Двајца се со презимето Стошиќ – Јован и Богдан, родени на 20 март 2002 година. Другите двајца се со презимето Димитриевски – Ренато и Роберт, родени на 17 октомври 1991 година.
Во екипата е уште еден Димитриевски, Лука, но тој е роден 2004 година.