Фудбал

(резултати, стрелци) НЕМААТ МИЛОСТ – ДАДОА 19 ГОЛА!

Засега кандидати за првото место во Третата лига – Југ се првите три на табелата – Големо Коњари, Превалец и Борец. Во денешното 10. коло, лидерот Големо Коњари дома имаше лесна задача со последнопласираниот Бучин. Резултатот е 7:0, со головите на Ерџан Ибраимоски во 17. и 55., Борче Сркески во 26., Мустафа Селманоски во 27., 38. и 45. и на Михо Андреевски во 65. минута. Високи победи постигнаа и Превалец (6:1 со Слога) и екс-прволигашот Борец (6:0 со Ултрас).

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО: Питу Гули – Росоман 2:3 (Сите Андреески 2 – Слободан Дуков 2, Марко Миловановиќ), Превалец – Слога 6:1 (Димче Ставревски 2, Филип Драскачев, Пеце Стојанов 2, Давид Спиридонов – Беџахудин Сулејмани), Големо Коњари – Бучин 7:0 (Ерџан Ибраимоски 2, Борче Сркески, Мустафа Селманоски 3, Михо Андреевски), Младост – Локомотива 3:0 (Александар Чешелковски 2, Бобан Крстески) , Борец – Ултрас 6:0 (Јосиф Манасиев 2, Дејан Стефановски 2, Ане Ташевски, Стефан Коџабанов).

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 11. КОЛО (26 ноември во 13 часот): Ултрас – Марена, Локомотива – Борец, Бучин – Младост, Слога – Големо Коњари, Росоман – Превалец.

Од категоријата

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА

Зоран Иге

ПРИЛЕП: КОИ НОВОСТИ ОД НОВАТА ФУДБАЛСКА ШКОЛА?

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА, ПО 12 ГОДИНИ, МЕЧ ВО САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“!!!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе