Фудбал

НАМЕСТО ВО ИНДОНЕЗИЈА, ВО ПРИЛЕП!

Деновиве во далечна Индонезија се одржува Светско првенство за фудбалери до 17 години. Таму, во составот на Нов Зеланд требаше да биде Константино Горгиовски, членот на прилепска Победа. Но, овој фудбалер остана во Прилеп.

Доколку заминеше во Индонезија, ќе беше првиот фудбалер од Победа што настапил на Светско првенство. Меѓутоа, селекторот на Нов Зеланд се одлучил да не го повика, иако претходно бил меѓу најзаслужните за пласманот на мундијалот. Штета за ова младо талентирано момче, штета и за Победа. Во комуникацијата селекторот изразил надеж дека Горгиовски ќе биде земен предвид во наредниот период, во повозрасните категории за Нов Зеланд, но треба да се има предвид дека младиот фудбалер сега може да избира помеѓу таа држава и Македонија, доколку биде повикан. Горгиовски, играч за врска, летоска и пристапи на Победа, а дојде од струмичка Беласица.

Без Горгиовски во Индонезија, Нов Зеланд трипати загуби – од Венецуела, Мексико и од Германија.

Од категоријата

ПРВИОТ БОД ГО ОСВОИЈА ДУРИ СЕГА, КОГА НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВАШЕ!

Зоран Иге

ЗАМЕНИТЕ ВО ФУДБАЛОТ – АНАЛИЗА НА ЃОКО ИЛИЈОВСКИ, НЕКОГАШЕН ИГРАЧ НА ПОБЕДА

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИ КЛУБ ИМА ПОТРЕБА ОД НОВИ ФУДБАЛЕРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе