Вечерва интересен меч од 7. рунда на Втората футсал-лига на Македонија. Екипата Победа со убедливи 3:0 го совлада Мал Ајакс од Штип. Гостите со звучно име од холандскиот клуб, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ поминаа слично како Јувентус пред шест недели, поразен со 9:6. Денеска Победа функционираше одлично, цврсто во одбраната – предводена од несовладливиот голман Давор Илиоски, а опасно во нападот. Стрелци: Кире Наумоски во 9., Никола Трајкоски во 29. и Александар Китаноски во 39. минута.
ПОБЕДА: Илиоски, Тошески, Спиркоски, Трајкоски, Наумоски, Настески, Макешоски, Китаноски, Ристески, Ујгуноски, Ачкоски, Сркески.
МАЛ АЈАКС: Стојов, Мамудов, Лазов, Наков, Дурмишов, Петриќ, Димитровски, Манев, Стојанов, Филиповски.
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО: Победа – Мал Ајакс 3:0, Партизан Брвеница – Енхалон неодигран, Проект – Конзули 13:1, Университи – Кораби 6:12, Каршијака – Скопје 1:2, Шкендија – Балкан 4:5, Јувентус – Кратово 9:0.
ТАБЕЛА: Проект 18, Јувентус 15, Кораби 13, Енхалон 12, Партизан Брвеница 11, Победа, Скопје и Конзули 10, Мал Ајакс 9, Университи, Шкендија и Кратово 7, Балкан 6, Каршијака 1.
СЛЕДНО 8. КОЛО: Партизан Брвеница – Победа, Енхалон – Кратово, Балкан – Јувентус, Скопје – Шкендија, Кораби – Каршијака, Конзули – Университи, Мал Ајакс – Проект.
ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ НА ЛИНКОТ: