Фудбал

НЕМА ГОЛЕМ, САМО МАЛ ФУДБАЛ ВО ПРИЛЕП!

За денеска беше планирано 11. коло од Третата фудбалска лига – Југ, во чии рамки и мечот Ултрас – Марена, на вешташката трева во Прилеп. Меѓутоа, теренот имаше дебела покривка од снег, немаше услови за игра. Така беше и на останатите терени, па колото е одложено за 3 декември. Исклучок е дуелот одигран вчера во Градско, Локомотива – Борец 0:3 (стрелци Дејан Стефановски, Ѓунет Исеинов автогол, Милан Чичевски). Другите натпревари преместени за в недела се: Бучин – Младост, Слога – Големо Коњари и Росоман – Превалец.

ТАБЕЛА: Големо Коњари 24, Борец и Превалец 23, Росоман 16, Младост 14, Питу Гули и Марена 11, Слога 9, Локомотива и Ултрас 7, Бучин 0.

Денеска на теренот со вештачка трева во Прилеп не беа одиграни ниту натпреварите од 10. рунда на Супер-лигата на Македонија за млади категории фудбалери, односно дуелите меѓу помладите и постарите пионери на Победа и Работнички. За одигрување натаму останува и вчера прекинатиот меч од Првата женска фудбалска лига, Цевитана – Топ гол.

Денеска, сепак, ќе има фудбал во Прилеп. Станува збор за меч од 7. коло на Втората футсал-лига, Победа – Мал Ајакс од Штип, закажан за 19,30 часот во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.

 

Од категоријата

КОЛО ИЗДОЛЖЕНО ВО ПЕТ ДЕНА!

Зоран Иге

ОДМОР УШТЕ ТРИ ДЕНА!

Зоран Иге

ДАЛИ ЌЕ ИМ СЕ ДОЗВОЛИ ДА ПОБЕДУВААТ СЕ ДО КРАЈ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе