Денеска (13 ч.) на стадионот „Гоце Делчев“ е мечот Победа – Пелистер, од 14. коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Последен натпревар за оваа година во Прилеп. Со оглед на тоа и поради традицијата на пелагониското дерби, се очекува многу публика на трибините. Пелистер се бори за 2. место, Победа за да покаже дека може пријатно да изненади и покрај претходните лоши резултати. Интересно е што во двата тима има сограѓани, браќа и братучеди, едни против други. Во Победа нема битолчанец – сите се прилепчани, вклучително Јорданчо Наумоски и Давид Дебрешлиоски, а во Пелистер се Марио Наумоски, Марио Дебрешлиоски, а има уште двајца прилепчани – Бојан Спиркоски и Давид Јошески.
ДЕНЕШНО 14. КОЛО ОД 13 ЧАСОТ: Победа – Пелистер, Охрид – Тетекс, Башкими – Беса, Осогово – Арсими, Беласица – Скопје, Новаци – Вардар Н., Саса – Караорман, Детонит – Кожуф.
ТАБЕЛА: Беса 34, Детонит 29, Пелистер 27, Беласица, Кожуф и Охрид 20, Арсими и Новаци 19, Тетекс и Башкими 17, Вардар Н., Победа и Скопје 15, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7.