На ред се нокаут-мечевите од Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Вечерва од 18 часот, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, почнува програмата со првите четири осминафинални натпревари. Кој губи – отпаѓа, победникот оди во четвртфиналето.
18:00 Портал БТ – Лимонада
19:00 Компанија „Атанасовски“ – Скара „Кај Балче“
20:00 Могила – За наш Прилеп
21:00 Инекс Олгица – Брест хем
Останатите четири осминафинални дуели се утревечер (среда).