В среда почнува Купот на Македонија во футсал. Тоа е осминафинале, елиминациско коло. Екипата Победа го доби најтешкиот противник од второлигашите, Проект од Јосифово, Валандовско. Оваа екипа е прва на табелата, со само еден пораз, 10 победи и 30 бода. Пред две недели во Прилеп постигна висока победа од 12:3. Меѓутоа, токму во Купот секогаш има најголеми изненадувања, така што не треба да и се одземе шансата за подвиг на екипата Победа. Мечот првично е закажан за в среда во 18 часот, во салата од ООУ „Добре Јованоски“, а доколку има измена ќе следи известување.
ДВОЈКИ: Победа – Проект, Енхалон – Кораби, Конзули – Партизан, Кратово – Мал Ајакс, Университи – Шкендија.
претходна објава
следна објава