Иако натпреварите од осминафиналето за Купот на Македонија во футсал беа закажани за утре (среда), има исклучок. Тоа е токму мечот во Прилеп, Победа – Проект. Наместо утре, преместен е за в четврток во 18 часот, во салата на ООУ „Добре Јованоски“. Гостинот од Јосифово, Валандовско е фаворит, со оглед на првото место на второлигашката табела, како и победата од 12:3 пред две недели на истиот паркет. Но, и седмопласираната екипа на Победа е со своја вредност, а тоа го покажа на неколку натпревари со силни ривали – Кораби, Јувентус, Енхалон…
ДВОЈКИ ЗА СРЕДА: Енхалон – Кораби, Конзули – Партизан, Кратово – Мал Ајакс, Университи – Шкендија. ЧЕТВРТОК: Победа – Проект.