Кошаркарскиот второлигаш Мега баскет доведе нов тренер, Србинот Мико Голубовиќ. Иако е од Сомбор, долго време жител е на Битола. Има ФИБА-лиценца и богато играчко интернационално искуство во повеќе клубови на позицијата центар. Веќе почна со тренинзи во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Очекувањата во прилепскиот клуб се големи, за пласман што повисоко од опасната зона. Според пропозициите, отпаѓаат две последнопласирани екипи – на 11. и 12. место, а есента Мега баскет ја заврши на 10. место со три победи и осум порази.
Досегашниот млад тренер Миле Станимировиќ останува во Стручниот штаб, со можност да се врати како играч, штом ја залечи повредата.