Ниеден професионален спортски клуб нема време за губење, така и машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Првиот ден по празникот Божик, утре (среда) е првиот овогодишен собир. Најавен е за 14 часот, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Во пресрет на првиот тренинг, Стручниот штаб ќе информира за планот на зимските подготовки и во врска со промените во играчкиот кадар. Досега е познато само дека се пристигнати двајца – левиот бек Ангелче Органџиев (Тиквеш) и средниот бек Ерик Андраде (Бразил).
Екипата Прилеп има за цел опстанок во Супер лигата, преку плеј-аутот кој стартува на 11 февруари.