Се случи првиот овогодишен собир на фудбалскиот второлигаш Победа, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Стручниот штаб, предводен од Јане Николоски и помошниците Жаре Димески и Стојанче Дунимаглоски, првиот тренинг го одработи со над 20 фудбалери, главно млади, талентирани играчи. Предводници се двајцата голмани, Иван Николоски и Антонио Столевски.
Според планот за работа, покрај тренинзи ќе има и седум пријателски меча. Еве го редоследот: Победа – Тиквеш (21 јануари), Охрид – Победа (24 јануари), Победа – Вардар Н. (27 јануари), Кожуф – Победа (31 јануари), Победа – Арсими (4 февруари), Победа – Пелистер (7 февруари), Борец – Победа (11 февруари) во пресрет на првиот пролетен дуел Тетекс – Победа, на 17 февруари.
Според традицијата, на првиот собир присуствуваа неколку гледачи, симпатизери на Победа.