Ракомет

(видео, фото) ПРИЛЕП: ДВАЈЦА ДОЈДОА, ТРОЈЦА СЕ ЧЕКААТ, НИЕДЕН НЕ ЗАМИНА!

Машкиот ракометен суперлигаш Прилеп го одржа првиот собир во оваа година, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.  Присуствуваа 17 ракометари, на чело со капитенот Христи Бикоски, така што ниеден од екипата нема заминато, на задоволство на Стручниот штаб, предводен од Божидар Мојсов и помошникот Тони Димоски. Од дојдените сигурен е левиот бек Ангелче Органџиев (Тиквеш), додека на проба е средниот бек Ерик Андраде (Бразил). Меѓутоа, покрај нив, можно е доведување уште на десен бек, пивот и голман.

Во врска со подготовките, досега закажани се четири пријателски меча, во Македонија и во Србија.

Од 11 февруари е плеј-аутот и борбата за опстанок против Голден арт, Мултиесенс, Скопје, Аеродром (Скопје), Вардар (Неготино), Еурофарм Пелистер 2 (Битола) и Куманово.

ВИДЕО-РАЗГОВОРОТ со тренерот Божидар Мојсов е на линкот:

 

 

Од категоријата

ДЕНЕСКА РАКОМЕТОТ ВО ПРИЛЕП Е НАЈРАНО, ВО 13 ЧАСОТ

Зоран Иге

ПРИЛЕП ОДИ ПОНАТАМУ

Зоран Иге

РАМНО 40 ГОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРУПА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе