Во рамките на подготовките за пролетниот дел од фудбалското првенство, време е за серија пријателски натпревари. Така, в сабота (13,30 часот), на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе се одигра мечот Победа – Тиквеш. Прв натпревар за прилепскиот второлигаш, втор за кавадаречкиот прволигаш. Интересно е што во редовите на Тиквеш има прилепчани, како за врска Благоја Спиркоски и Даниел Карчески, а најново засилување е напаѓачот Зоран Даноски. Тој веќе настапи на вчерашниот дуел во Кавадарци, каде постигна гол при победата од 4:0 над второлигашот Вардар Н. В сабота Даноски ќе одигра во Прилеп по близу 6 години, по заминувањето од Победа.
Победа со тренинзи стартуваше на 10 јануари, а во екипата тренираат неколку нови играчи, за кои официјално клубот ќе извести во наредните денови.