Фудбал

(фото, видео) ПОБЕДА: ПРОТИВ НАЈСИЛНИОТ – НАЈДОБРА!

Овој наслов може да биде заклучок по денешниот пријателски натпревар на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа – Пелистер 0:0. Ако се споредат петте противници на Победа на зимските тест-мечеви, според пласманот на есенската второлигашка табела, најслаб, 10-ти е неготински Вардар, шести е Охрид, петти Кожуф, четврто Арсими, а најдобар, трети е Пелистер. Прилепскиот тим од сите загуби, но денеска, со најсилниот одигра нерешено. Гостите имаа неколку изгледни шанси, но целиот прилепски тим издржа, особено во одбраната, а непремостлива пречка беше одличниот голман Антонио Столевски, кој не дозволи да се затресе домашната мрежа.

ПОБЕДА: Столевски, Г. Димоски, Новески, Кофиловски, Ивчески, Да. Спиркоски, Богевски, Горгиовски, Адили, Арифи, Ристов. Во вториот дел одиграа уште: Шиков, М. Талески, Табаковиќ, Д. Шаркоски, И. Трајкоски, Крајоски, Тасески, Стефаноски… Тренер: Јане Николоски.

В сабота е последниот тест-меч за Победа, со Борец во Велес.

ЈОРДАНЧО ОДИГРА СТОПЕР!

Во екипата на Пелистер настапија и прилепчаните, од кои најчудна улога имаше Јорданчо Наумоски. Тој влезе во второто полувреме, на позицијата стопер. Чудно, затоа што откога игра фудбал секогаш е во средниот ред.

Другите прилепчани во Пелистер се: Давид Јошески, Марио Наумоски, Марио Дебрешлиоски и Бојан Спиркоски.

ЛЕГЕНДИ НА ТРИБИНАТА!

Овој натпревар од трибината го изгледаа некогашните македонски репрезентативци, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски, Сашо Здравевски и Митко Стојковски. Како претставници на Пелистер, сигурно не беа задоволни од резултатот, бидејќи очекуваа победа на екипата која се бори за влез во највисокиот ранг.

Сите се секогаш со внимание пречекувани во Прилеп, а за Тони Мицевски, Сашо Здравевски и Ванчо Мицевски се и убавите спомени за сезоните кога одиграа во дресот на Победа.

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ на линкот

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИ НАВИВАЧИ КОН СКОПЈЕ!

Зоран Иге

(фото) ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА И НА ЕВРОПСКОТО  ВО КЕЛН!

Зоран Иге

БОРЕЦ ДЕНЕСКА ВО КРИВОГАШТАНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе