Почна плеј-аутот од машката Супер-лига, борбата за опстанок. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ машкиот ракометен суперлигаш Прилеп со 32:24 го совлада Скопје.
Резултатот е според очекувањата, секако и според прикажаното вечерва. Уште во првото полувреме се наѕираше победникот, по водството на домашните со 16:8. Прилеп на табелата веќе има 5 бода, имајќи предвид дека од есеноска пренесе 2. Интересно е што во екипата на Скопје настапи прилепчанецот Давор Шокоски, а тренер е Оливер Димитриоски, исто така прилепчанец.
Во следното коло, Голден арт – Прилеп, Скопје – Аеродром.