Ракомет

(фото) КРАЈ СО МНОГУ ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП!

Ракометот е многу сакан спорт во Прилеп, иако нема соодветен објект каде се игра. На вечерашниот меч меѓу пелагониските ривали Прилеп и Еурофарм Пелистер, беше исполнета единствената трибина во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Гледачите видоа еден интересен, борбен меч до крајот.

Иако битолскиот тим беше во постојано во водство, домашните ракометари не се предаваа и беа блиску до подвиг, бидејќи им успеа некокупати да се доближат и  израмнат. Во финишот, сепак, со многу пот шампионот стигна до трите бода и победа од 38:33. Најефикасни: Денис Шабановиќ со 8, Никола Цветаноски и Давид Трајкоски по 6 гола (Прилеп), а Павле Петровиќ со 10, Петар Атанасијевиќ со 7 и Ненад Костески со 6 гола (Еурофарм Пелистер).

Ова беше последниот меч за есенва.

ТАБЕЛА

Од категоријата

ВРТЕЊЕ КРУГ: ПРИЛЕП – ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО!

Зоран Иге

РАКОМЕТОТ Е ПРЕД ВИКЕНДОТ!

Зоран Иге

ДЕСПИНА Е СЕДМА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе