Фудбал

ПРЕСВРТИ ЗА ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП!

Големо изнеандување вечерва во Прилеп. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, во 12. рунда од Втората футсал-лига на Македонија, Победа – Каршијака 2:3. Гостинскиот тим од Студеничани, Скопско, кој имаше три бода помалку од прилепскиот, стигна до победата во мечот со пресврти. Гостите поведоа во 8. минута преку Хамза Садики, а израмнувањето се случи во 17. минута со автоголот на Енис Ибраими. Во вториот дел, во 34. минута прилепскиот тим дојде во водство од 2:1 преку Стефан Спиркоски. Но, во финишот два гола за Каршијака. Прво, во 36. минута втор гол даде Хамза Садики, а во 37. победоносниот е дело на Енис Мемеди.

ПОБЕДА: Илиоски, Тошески, Спиркоски, Трајкоски, Ујгуноски, Алексоски, Китаноски, Димитријески, Недевски, Сркески.

КАРШИЈАКА: Сејфулаи, Садики, Мемеди, Ќани, Куртиши, Лимај, Ибраими, Зендели.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Каршијака 2:3, Енхалон – Скопје 6:4, Кораби – Балкан 14:5, Партизан – Шкендија 9:10, Мал Ајакс – Јувентус 2:6, Проект – СЕЕ Университи 10:0, Конзули – Кратово 2:8. 

ТАБЕЛА: Проект 33, Кораби 28, Јувентус 27, Енхалон 21, Партизан 20, Кратово 16, Победа, Шкендија, СЕЕ Университи, Каршијака и Конзули 13, Мал Ајакс и Балкан 12, Скопје 10.

СЛЕДНО 13. КОЛО: Шкендија – Победа, СЕЕ Университи – Енхалон, Каршијака – Проект, Јувентус – Партизан, Кратово – Мал Ајакс, Балкан – Конзули, Скопје – Кораби.

Од категоријата

УСПЕХ: АРИЗАНКОСКИ СО МАКЕДОНИЈА ОДИ НАТАМУ ЗА У19!

Зоран Иге

ТРЕТА ЛИГА: ПО ГЛЕДАЊЕ НА СНИМКА, ИЗБРИШАНА КАЗНА ОД 24 МЕСЕЦИ!

Зоран Иге

ПОБЕДА – ВАРДАР

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе