Кошарка Ракомет Фудбал

ОД ДОМА НИТУ БОД – ОД ГОСТИ ЧЕТИРИ!

Може да се каже дека малку чудни се резултатите од настапите на прилепските спортисти во екипните спортови, викендов. На домашен терен две екипи не освоија ниту бод, а на гостински две екипи освоија четири бода. Веќе информиравме за ремито (0:0) на Победа со Тетекс во Тетово, во 16. рунда од Втората фудбалска лига, како и за поразот (67:78) дома на Мега баскет од Шкупи, во 15. рунда од Втората кошаркарска лига.

Истиот контраст се случи и во ракометот. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ екипата Деспина со 18:20 загуби од Стружанка, во 14. рунда на Супер-женската лига. Истакнати стрелци: Сања Цветкоска 6, Ангела Камческа 5, Весна Христоска 3 (Деспина), Елена Балоска, Ивана Затуроска 5, Теодора Маркоска 4 (Стружанка).

РЕЗУЛТАТИ: Деспина – Стружанка 18:20, Спартак – Металург 22:45, Ѓорче Петров – Пелистер 46:12, Овче Поле – Шампион 28:28, Куманово – Гевгелија 32:16, Скопје – Астибо 37:22, Чаир – Вардар денеска.

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 42, Металург 36, Чаир 34, Куманово 33, Вардар 28, Стружанка 22, Скопје 19, Пелистер 16, Спартак 15, Деспина 13, Овче Поле 12, Астибо 9, Шампион 4, Гевгелија 0.

СЛЕДНА 15. РУНДА: Металург – Деспина, Шампион – Гевгелија, Стружанка – Ѓорче Петров, Астибо – Овче Поле, Вардар – Скопје, Спартак – Куманово, Пелистер – Чаир.

Во Скопје, пак, екипата Прилеп со убедливи 36:29 го совлада домашниот Голден арт, во 2. рунда од плеј-аутот на Супер-машката лига . Најдобри стрелци: Христијан Милошески 6, Петар Стојаноски 5 (Голден арт), Денис Шабановиќ 12, Пеце Рајатовски 7, Владан Кастратовиќ 6 (Прилеп).

РЕЗУЛТАТИ: Голден арт – Прилеп 29:36, Скопје – Аеродром 10:0, Мулти есенс – Вардар Н. 25:27, Еурофарм Пелистер 2 – Куманово денеска.

ТАБЕЛА: Прилеп 8, Еурофарм Пелистер 2 – 6, Куманово и Мултиесенс 4, Скопје, Вардар и Голден арт 3, Аеродром 0.

СЛЕДНА 3. РУНДА (24/25 февруари): Прилеп – Мултиесенс, Куманово – Скопје, Вардар Н. – Еурофарм Пелистер 2, Аеродром – Голден арт.

Од прилепските екипи останува уште денешниот настап на Победа со Шкендија во Тетово, во 13. рунда од Втората футсал-лига.

Од категоријата

ДУЕЛ НА ВЕШТАЧКА ТРЕВА ОД 13 ЧАСОТ

Зоран Иге

НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ОСМИОТ НОВ Е ГРОЗДАНОСКИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе