Фудбал

(фото, видео, состави) ПЕХАРОТ ОД ПРИЛЕП КОН СЕНОКОС!

Интересно и квалитетно финале од плејофот за првак на општинските лиги од ОФС Прилеп. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“, Кадица (Забрчани) – Црвена ѕвезда (Сенокос) 1:1, 3:5 по изведувањето на пеналите. Минатогодишниот првак, Кадица, ја предаде титулата на новиот, Црвена ѕвезда. Беше меч во кој гледачите уживаа. Имаше акции, потези кои го надвисуваат овој ранг.

Во основниот дел од натпреварот многу шанси не беа искористени, а мрежите се затресоа по еднаш на двете страни. Во 31. минута со голот на Иле Мирчески Црвена ѕвезда поведе со 1:0. Израмнувањето на 1:1 се случи во 55. минута преку голот на Емран Имероски. Драматично беше до крајот, се чинеше дека ќе има победник во 90 минути, но нерешениот резултат остана и по последниот свиреж на судијата Душко Стојсављевиќ. Следеше изведување на пеналите. За Црвена ѕвезда сите петмина реализираа – Виктор Тошески, Иле Мирчески, Филип Ачкоски, Горан Илиоски и Дејан Ѓорѓиоски, за Кадица тројца – Христијан Петрески, Михаил Карески и Рубинчо Велески, среќа немаше и шутна над голот Горан Базеркоски, така што со 5:3 победата е за Црвена ѕвезда. Сите судии – Душко Стојсављевиќ, Борис Трајков, Димитар Здравески, Дарко Макалоски, како и делегатот Горан Ангелески, добија медали од членот на Судискиот одбор на ФФМ, Горан Спиркоски, сите од  победничкиот тим примија медали од комесарот за натпревари во лигата, Илчо Јорданоски, а пехарот врачен од секретарот на ОФС Прилеп, Петре Илиоски, заслужено го подигна капитенот на Црвена ѕвезда, Филип Ачкоски.

 

КАДИЦА: Јанкоски, Столески, Димески, Базеркоски, Ѓорѓиоски, Карески, Јорданоски (54. Арсовски), Фетаховиќ, Лиманоски, Петрески, Имероски (84. Велески).

ЦРВЕНА ЅВЕЗДА: Карафилоски, Попоски, Ѓорѓиоски, Димоски, Илиоски, Радески (62. М. Тошески), В. Тошески, Ачкоски, Илијоски (68. Кузманоски), Петрески (85. Гаралоски), Мирчески.

 

Победникот како првак на општинскиот ранг на ОФС Прилеп е со право да учествува во Третата лига – Југ. Од клубот Црвена ѕвезда (каде што претседател е Трајче Јаковлески, тренери Ратко Димески, Тони Димески и Боби Кузманоски) информираа дека се сосема подготвени наесен да бидат дел од повисокиот ранг.

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ

 

Од категоријата

ПЕТПАТИ СЕ РАДУВАА, НАЈГЛАСНО ПО АБЕРОТ ОД СТРУМИЦА

Зоран Иге

ТРАНСФЕР ОД ПРИЛЕП ВО РОМАНИЈА!

Зоран Иге

(состави, стрелци) ЧЕТИРИ-ТРИ НА ПЕНАЛИ ВО СТРУГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе