100 години фудбал во Прилеп

ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН ЗАКЛУЧЕН, А ПУБЛИКАТА ПАК ТУКА!

На прилепчани се може да им се забрани, ама фудбал да гледаат – никако. Летото 2014 беше одредена казна за Победа од четири меча без публика, но симпатизерите не останаа дома, туку дојдоа на стадион со надеж дека ќе има попуст да влезат. Клупската служба беспрекорна, не дозволи пиле да прелета. Така беше  и за Куп со фаворитот, скопски Металург. Откако да им олесни искажаа револт, дел од фановите вртеа околу и бараа најпогодно место. Гледаа низ пенџерчиња под новата трибина, низ железните порти и мрежестите огради, поткачени на ѕид. И вака дадоа поддршка на прилепскиот тим (третолигаш) да направи сензација со триумф од 3:2 над скопскиот (прволигаш).

Стрелци беа Николче Шаркоски 20, Бобан Крстески 37, Ицко Јанкоски 87 (Победа) – Миле Крстев 44, Марјан Радески 64 (Металург), а Победа настапи со :Ѓ. Јованоски, Андреевски, Велјаноски (68. Милошески), Ф. Мирчески, В. Митревски (68. Јанкулоски), Мегленски, Крстески, Тошески (59. Јанкоски), Карчески, Д. Здравески, Шаркоски, а тренер беше Златко Петрески.

 

Од категоријата

ЖОНГЛИРАЊЕ ВО ПРИЛЕП: ДА НЕ ПАДНЕ ТОПКАТА НА ТРЕВА 35 КРУГА!

Зоран Иге

ОКОЛУ 55 ИЛЈАДИ ЕВРА Е РЕКОРДОТ ОД ВЛЕЗНИЦИ

Зоран Иге

ФУДБАЛ ВО ГОЛЕМА ПРАШИНА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе