Привршува паузата во Првата женска фудбалска лига. Претстојниот викенд се натпреварите од 15. рунда. Во Прилеп е дуелот Цевитана – Љуботен. Тежок меч за младата прилепска екипа, со оглед на тоа што гостува лидерот на табелата, актуелен шампион. Тетовскиот состав има само 1 пораз, 2 реми и 11 победи досега, а тоа се должи на квалитетните засилувања, како што се четирите Бразилки: Летиција Албукуеркуе, Присцила Едите, Рафаела Мартинс и Викторија Алваренга. Мечот Цевитана – Љуботен е в сабота во 14 часот, на игралиштето со вештачка трева во Прилеп.
ДВОЈКИ: Цевитана – Љуботен, Ас унитед – Топ гол, Истатов – Речица, Скопје – Тиверија, Шкендија – Саса.
ТАБЕЛА: Љуботен 35, Саса 34, Тиверија и Ас унитед 32, Скопје 22, Истатов 15, Цевитана 13, Шкендија 10, Топ гол 6, Речица 2.