Шах

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ПОДОБАР ОД 151 УЧЕСНИК!

Да се биде на 17. место на прв поглед не е некој завиден пласман, но ако се земе предвид дека учествувале 168-мина од пет држави (Бугарија, Германија, Косово, Србија, Македонија), тогаш јасно е дека станува збор за успех. Ова го постигна фидемајсторот Роберт Велески на Меѓународниот брзопотезен турнир „Карпош 2024“ во Скопје. На стартот рангиран на 18. место успеа да се искаче едно место погоре со 6,5 поени, преку 2 пораза (ИМ Тони Лазов, ФМ Дејан Динев), 1 реми (ФМ Љубомир Хаџи-Манев) и 6 победи (Илија Илоски, Момчило Смолиќ, Илија Велков, Ефе Ибраимов, Ванчо Спасов, Ацо Атанасов).

На турнирот, од македонските претставници, највисоко е пласиран ФМ Дејан Динев – трет со 7,5 поени, исто колку што освоија бугарските шахисти – првиот Љубомир Данов и вториот ВМ Петар Дренчев.

Од категоријата

(фото) ПЕЛАГОНИЈА СОБРАНА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

(ВИДЕО) КАКО ВО ПЕТОКОТ СЕ БОРЕВ СО СВЕТСКИОТ ПРВАК

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ВО БОРБА ЗА 150 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе