Покрај фудбалери и тренери, Прилеп имал и многу успешни фудбалски судии. Еден од најдобрите во историјата, Трајче Маџоски, како главен судија има судено во највисокиот ранг во некогашната држава – Првата југословенска лига, како и на меѓународната сцена – во европските купови. За издвојување е мечот од Купот на УЕФА, Рапид (Австрија) – Видеотон (Унгарија), на 16 септември 1981 година. Натпреварот на стадионот ,,Пратер” во Виена го следеа 30.000 гледачи, а заврши 2:2. Гостите двапати водеа, домашните двапати израмнија. Прво беше голот на Јозеф Сабо во 31. минута за 0:1. Следи израмнување на Херберт Вебер во 82. Во финишот голема драма – прво е 1:2 со голот на Тибор Вег од пенал во 87. минута, потоа израмнување со голот од пенал на Антонин Паненка во 89. минута. Два пенала од Маџоски, во 87. и 89. минута.
Трајче Маџоски 14 години има судено во Прва југословенска лига, а прошталниот меч му е на 10 јули 1996 во Прилеп, Победа – Партизан Белград 2:2.