Фудбал

ПОБЕДА ВО СТРУГА ДАДЕ 11 ГОЛА, НО…

Многу голови на мечот Енхалон – Победа, во салата „Тими“ во Струга, во рамките на 22. коло од Втората футсал-лига на Македонија. Прилепскиот тим имаше водство од 5:2 во 11. минута и од 10:9 во 32. минута. Одлучувачки се последните две минути. По нерешените 11:11 во 37. минута, струшкиот тим дава два гола во 39. и 40. минута, за конечни 13:11 за Енхалон. Стрелци: Стефан Петрушевски 7 гола, Игор Скеларовски 2, Аднан Агушевски 2, Андрија Пајкоски, Стојче Аџиоски (Енхалон) – Нермин Каришик 5, Виктор Тошески 4, Стефан Спиркоски, Филип Нацески (Победа).

ДВОЈКИ 22. КОЛО: Енхалон – Победа 13:11, Партизан – Проект, Мал Ајакс – Университи, Конзули – Каршијака, Кораби – Шкендија, Скопје – Јувентус, Балкан – Кратово.

ТАБЕЛА

Во Струга ќе гостува уште еден тим со името Победа. Денеска од 16 часот е дуелот Караорман – Победа, од 25. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија.

 

Од категоријата

НЕ Е КРАЈ, ИМА УШТЕ 4 МЕЧА НА ГРАДСКИ!

Зоран Иге

ПОБЕДА СИЛНА СО ПУБЛИКАТА ПРОТИВ НАЈСИЛНИОТ РИВАЛ!

Зоран Иге

НОВО В ПОНЕДЕЛНИК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе