Неочекувано, но лесно помина велешки Борец во Големо Коњари, на дербито од 18. рунда на Третата лига – Југ. Попладнево, Големо Коњари – Борец 0:6. Иако во првото полувреме беше само 0:1, во второто се разреши дилемата околу победникот. Стрелци: Јосиф Манасиев 3 гола, Пеце Стојанов, Александар Јордановски, Стојанче Костадиновски. Потсетуваме – есеноска во Велес беше 3:1 за Големо Коњари.
РЕЗУЛТАТИ: Големо Коњари – Борец 0:6 (Јосиф Манасиев 3, Пеце Стојанов, Александар Јордановски, Стојанче Костадиновски), Марена – Младост 3:1 (Александар Велјанов, Борис Михов, Роналдо Фазлиов – Дарко Чапкуноски), Превалец – Ултрас 8:1 (Антонио Чоков 3, Ангел Гаштев 2, Филип Драскачев, Живко Ѓорѓиевски, Давид Спиридонов – Даниел Богојевски), Питу Гули – Локомотива 5:0 (Благојче Митрески, Соте Волчески, Гоце Стојаноски, Оливер Велевски, Беким Алимоски), Росоман – Слога 2:1 (Кристијан Јованов, Бојан Миланов – Шабан Османоски).
ТАБЕЛА: Борец 39, Росоман 36, Превалец 33, Големо Коњари 31, Питу Гули 27, Слога 22, Младост 19, Ултрас и Марена 14, Локомотива 10, Бучин 7.
СЛЕДНО 19. КОЛО (28 април во 15 часот): Росоман – Марена, Бучин – Питу Гули, Локомотива – Превалец, Ултрас – Големо Коњари, Борец – Младост.